Јовески: Апсурно е секретар да зема повеќе плата од претседател на држава

За државниот обвинител Љубомир Јовески сомнително е тоа што додатоците на плата се третирале како класифицирани информации, а станува збор за јавни пари за кои граѓаните треба да имаат увид. Тој вели дека  додатокот не смеел да биде повисок од 35 отсто од платата која обвинителите ја земале. Државниот обвинител посочи дека ќе ги истражат сите околности, а дополнителен сомнеж за Јовески фрла тоа што два пати се земале пари по основ на доверливост.

Проблемот е повеќе тоа што го истакна, дека според првичните согледувања по ист основ се зема два пати плата и ако видите апсурдите до каде се однесени, еден секретар има повеќе плата од претседателеот на државата, но со ова не ја прејудицирам постапката, вели Јовески.

Тој смета дека доверливоста е составен дел на јавнообивнителската функција. Но не сака да прејудицира каква одлука ќе донесе обвинителството за организиран криминал, кое пред неколку дена со двајца истражители влезе во СЈО за да ја подигне финанската документација.

За да не ги кажуваат доверливите информации и што слушнале во т.н. “бомби”за четири години обвинителите од СЈО земале вкупно над еден милион евра. Но освен десетината обвинители бонуси земале и луѓе кои не се јавнообвинителски службеници. Па така, во базата “Отворени Финансии” меѓу останатите е и примерот со возачот на Јанева кој надвор од редовната плата зел додатоци од 30.000 евра. Според професорот Гордан Калајџиев, Јанева бонусите ги делела без правилник.

Повеќе на Канал 5.

- Реклама -