Фетаи: Најголем криминал испаѓа дека се надоместоците во СЈО

Откако Вилма Рускоска отвори предистрага за да се испутуваат евентуалните финансиски злоупотреби во СЈО со додадоците и бонусите кои што тие ги змеале. Со своја реакција се јави и обвинителката Фатиме Фетаи. Таа изјави дека испаѓа дека во последните неколку години најголемиот криминал биле платите и надоместоците на поранешните специјални обвинители.

„По се испаѓа дека најголемиот криминал во последните 10 години биле платите и надоместоците на поранешните специјални обвинители, а вие можете сами да судите дали има криминал или нема, или пак има или се нема храброст да се гонат одредени лица.“ – рече Фетаи.

Таа исто така  објасни дека секој обвинител во СЈО добивал само 300 евра повеќе плата од колегите во државното обвинителство плус 22 000 евра додатоци за доверливост, а одлуката за тоа ја носела Катица Јанева.

Фетаи напомена дека во моментот во СЈО има готови истраги кои што се спремни за обвинение, таа конкретно зборуваше за истрагата „Моќник“ и за осомниченот лице Антонио Милошоски.

„Буквално ние сме магационери и архивари, во моментов таа функција ја вршиме по однос на предмеите кои се во фаза на истрага. А има истраги кои се спремни за обвинение, конкретно зборувам за истрагата Моќник и за осомниченото лице Антонио Милошоски, кој намесето да ја спрема одбраната за во судница доколку ни беа предметите ќе беше така.“ – изјави Фетаи.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -