СДСМ: Пет факти зошто нашите мерки во енергетиката се шампионски

Мерките во енергетиката што ги спроведува владата предводена од СДСМ се шампионски, се пофалија од владејачката партија. Во соопштение за јавноста, тие презентираа пет, како што велат, факти, кои го покажуваат тоа:

Факт 1: Цената на струјата престана да расте и се стабилизира. Денес, со политиките на СДСМ имаме најниска цена на струјата во Европа. За разлика од кpиминaлнoто време на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016, кога цената на струјата се покачи за 100%.

Факт 2: Ја вративме евтината тарифа на струјата што ја укина ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, против можноста граѓаните да заштедат.

Факт 3: СДСМ го зголеми домашно производство на струја, не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25%, увозот достигна огромни 38%. Цената за која се купуваше струја беше над 200 евра.

Денес, ЕСМ не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

Факт 4: ЕСМ (ЕЛЕМ) денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат против аepoзaгaдyвањето. Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и други фикции од мозоците на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски.

Факт 5: Како директор на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски ја водеше најлошата енергетска политика во земјава а цената за тоа ја платија граѓаните од своите џебови. Во времето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ струјата поскапе 100%, земјава увезуваше енормно скапа струја а ЕЛЕМ парите на граѓаните ги фрлаше на рајски градини, велат од СДСМ.

На ваквите „факти“ со свои контрааргументи одговори прозваниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски. Според него, се работи за уште една лaжнa вecт од „дувлото на СДСМ:

1. Лага, СДСМ вели дека “во времето на Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100 проценти увезувајќи енормно скапа струја”. Која е вистината? Јас бев советник во Владата за енергетски прашања во периодот април 2015та година до септември 2016та година кога бев именуван за Директор на ЕЛЕМ, и таа функција ја обавував до август наредната година. Во периодот од април 2015та до август 2017та година цената на струјата во сите три пресметковни периоди се намалува. Тоа го потврдува во своите извештаи и Регулаторната комисија за енергетика каде се гледа дека: во периодот јуни 2015 – јуни 2016 година цената на струјата е намалена за 0.33% ; во периодот јуни 2016 – јуни 2017 година цената на струјата е намалена за 0.25% ; и во третиот извештај кој го мери периодот по јуни 2017та до август 2017та година цената на струјата е намалена за 0.25%.

2. Лага, СДСМ вели дека додека сум бил одговорен за “ЕЛЕМ парите на граѓаните ги фрлаше”. Но која е вистината? Како директор на ЕЛЕМ со моето заминување оставив банкарски депозит на компанијата во вистина од 1 милијарда 500 милиони денари, каса полна со 300 милиони денари, нула долгови и исплатен К15 спрема вработените на ЕЛЕМ.

3. Лага, СДСМ вели дека го зголемиле производството на струја. Но која е вистината? Производството на струја со доаѓањето на власта на СДСМ согласно извештаите на Регулаторната комисија за енергетика постојано се намалува, наместо да се зголемува, споредено со периодот пред нив.

Па така АД ЕЛЕМ произвел:

-во 2013та година 5 113 GWh

-во 2014та година 4 741 GWh

-во 2015та година 4 471 GWh

-во 2016та година 4 382 GWh

-во 2017та година 4 228 GWh

-во 2018та година 4 273 GWh

– а во 2019та година заклучно со IX месец имаа производено околу 3.240 GWh, и веројатно производството ќе биде помало од претходната година.

„Овие податоци се лесно проверливи, но очигледно кога резултатите ги нема Заев и СДСМ полесно им е да излажат. Нема лага која времето не ви ја демантира, доаѓаат промени, доаѓа обновата на Македонија!“, пишува Мицкоски.

- Реклама -