Ковачев: Од ВМРО-ДПМНЕ ќе бараме гаранции, фалсификувањето на историјата повеќе не може да се трпи

СПОДЕЛЕТЕ

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за бугарското радио Фокус упати предупредување до ВМРО-ДПМНЕ за според него непријатните изјави на членови на раководството на оваа партија против Бугарија.

„Тоа е апсолутно недопустливо и убеден сум дека ние нема да го оставиме без последици нивното однесување, ако е таков односот на таа партија кон Бугарија. Сакаат да им се извиниме за последните 300 години, колку лоша била Бугарија кон Македонија и Македонците и целата пропаганда од 1944 година беше одново воскресната“, изјави Ковачев.

Тој напомена дека со Премиерот Борисов сакале да дознаат од Мицкоски дали ако победи на избори ќе го почитува Договорот за добрососедство и заедничката историја, а и личностите како Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Тодор Александров, и целата плејада преродбеници и револуционери, кои се самоопределувале како етнички Бугари.

„Ние го поставивме прашањето и пред ЕПП (Европска народна партија), премиерот Борисов веќе го направи тоа, и треба да бараме гаранции дека, ако таа партија победи на следните избори во Македонија, ќе го продолжи курсот на добрососедство со Бугарија, дека ќе ги почитува Договорот за добрососедство, нашата заедничка историја, заедничките настани и личности како Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Тодор Александров, Григор Прличев и целата плејада преродбеници и револуционери, кои се самоопределувале како етнички Бугари. Тоа фалсификување повеќе не може да се трпи“, изјави Ковачев, која е и потпретседател на владеачката партија ГЕРБ на Борисов.

„Тоа фалсификување повеќе не може да се трпи“, вели Ковачев.

Повеќе на Канал 5.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ