Заев на Денот на албанската азбука: Да имаме комуникација, толеранција и заедништво

СПОДЕЛЕТЕ

Премиерот Зоран Заев во обраќањето на Свечената академија по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука изјави дека Денот на азбуката се смета за еден од клучните настани во историјата на албанскиот народ, ден кога албанското писмо преку унифицирање и стандардизирање на азбуката стана рамноправен дел од модерноформираните европски писма и дел од разноличното светското културно наследство.

„Јазикот и писмото, како најсилни основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, образование и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна. Во таа насока наша должност и одговорност не е само да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, туку да го искористиме тој потенцијал за да се воспостави комуникација, разбирање, толеранција и заедништво“, истакна Заев пред присутните.

Тој нагласи дека одбележувањето на културните традиции, датуми и духовни наследства на другиот, придонесува кон градење на едно и единствено општество, за сите, со проевропска и просперитетна иднина.

Повеќе на Нова ТВ.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ