Костадинов: Има и чесни судии, но има и судии од груевизмот

Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов во дебата на телевизија Телма изјави дека актуелната влада со сите сили во рамките на законот се труди да направи реформи во правосудството, но тврди дека тоа не го дозволуваат инсталациите кои се останати од, како што вели, времето на груевизмот.

-Нашиот став за правниот систем е сосема јасен. Ако целта беше да го тргнеме Груевизмот од извршната, локалната и законодавната власт, го тргнавме, но заради силните инсталации во институциите кои се на страната на Груевски и криминалнот не дозволуваат груевизмот да биде искоренет од судската власт, вели Костадинов.

Тој тврди дека ветингот е единственото решение за реформи во правосудството и истиот мора да биде внимателно изведен.

Костадинов и СДСМ исто така ја повикуваат антикорупциската комисија да поведе постапки и да го истражни потеклото на имот на судиите и обвинителите.

-Има таму и чесни судии, но има и судии од груевизмот. Таквите мора да се тргнат од правосудството, вели Костадиновски.

- Реклама -