Костадинов и Кузмановска не се сеќаваат колку земале за патни трошоци

СПОДЕЛЕТЕ

Во вечерашната дебата на ТВ „Телма“ се водеше жестока дебата на повеќе прашања. Од едната страна беше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ – Лилјана Кузмановска, а од другата, пратеникот од СДСМ – Костадин Костадинов. Иако жестокиот интензитет се провлекуваше низ целото гостување, во еден момент од дебатата гостите не само што застанаа на иста страна, туку дадоа и практично идентични одговори.

Прашани за сумите што ги земале за патни трошоци, и Костадинов и Кузмановска одговорија дека не се сеќаваат, пренесува „Фокус“. Пратеничката не можеше да се сети на сумата што ја земала пред да почне да го користи правото на кирија, а слична амнeзиja го мaчи и Костадинов. Нивните одговори прочитајте ги ТУКА.

- Реклама -