Героски: АФEPА „РЕКЕТ“ – Можно ли е Спец Катица да е yцeнeтa?!

Пишува Бранко Героски за „Плусинфо“

Пред некој ден, еден мој драг колега, во колумна, ја промовираше старата, веќе подзаборавена теза дека целта на „планирањето и внимателната изведба“ на аферата „Рекет“ била двојна: „дискредитирање и уривање на СЈО, а потоа и пад на Зоран Заев од власт“. Интересно е дека истиот ден кога беше обjавена таа колумна, во една пригода, седнат на маса со некои важни луѓе, ја слушнав баш истата теза. Случајно?

Бидејќи јас сум „суетниот новинар“ којшто прв ја откри аферата „Рекет“ – а сум сосема сигурен дека немав намера да ги урнам ни СЈО ни Зоран Заев – после тој текст на колегата, почнав сериозно да размислувам што треба да значи обновувањето на старата теза, баш сега, пред почетокот на судењата за „Рекет“ и непосредно пред изборите. Ја препрочитав колумната повнимателно и мислам дека го најдов вистинскиот одговор.

Зошто би молчела Катица?

Имено, на крајот од колумната, колегата јавно „депонира“ една молба до лицата задолжени за чување на архивите во Обвинителството, да се погрижеле „миракулно“ да не исчезнело четиричасовното сведочење на Јанева, во присуство и на адвокатот Стеван Павлески, дадено пред обвинителите, дента пред да биде уапсена. „Ќе ни треба тој запис, за еден ден, кога ќе се прави реконструкција на целиот овој скандал, да сфатиме зошто, всушност, е направена целата оваа операција и кој каква улога играл во неа“, пишува колегата. Дополнително, тој загадочно најавува: „Не верувам дека тој богат исказ на обвинетата Катица ќе го чуеме и во судницата“. Хммм… Интересно, нели? … Целата колумна ТУКА.

- Реклама -