Дескоска е за ветинг и за политичари ако со тоа ќе се исчистат поврзаните со мaфиjaта

СПОДЕЛЕТЕ

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се залагаат за ветинг и оти чесните судии и обвинители не треба да се плашат од злоупотреби при спроведување на тој процес.

-„Ставот јасно се кристализира дека се залагаме за ветинг. Мислам дека не треба да има стравување ниту кај чесните судии, ниту кај чесните обвинители за некаква злоупотреба при процесот на ветингот“, изјави денеска министерката Дескоска по одржувањето на конференцијата на тема „Улогата на жените во сочувувањето на мирот и безбедноста и Резолуцијата 1325″

Taa го поддржува ветингoт и за политичари ако тоа значи прочистување на политичката и државната сцена.

– „Сѐ што може исчистување на политичката сцена од луѓе кои се корумпирани, непрофесионални, луѓе кои имаат врски со мaфиjaшки или други кругови, поддржувам. За некои случаи мора да водите сметка дека имате уставни ограничувања. како е даден процесот на кандидирање за пратеници и сл – изјави министерката праша дали поддржува и ветинг за политичари.

За ветингот за судии и обвинители, Дескоска порача дека јасно се кристализира ставот дека се залагаме за ветинг, а чесните судии и обвинители не треба да има стравување дека процесот ќе се злоупотреби.

Таа посочи дека има искуства од странство како се спроведува ветинг.

-„Ветингот не го спроведува извршната власт, туку на експертско ниво мешовита комисија, во која што во многу земји учествуваат и меѓународни претставници како гарантори на процесот“, рече Дескоска.

Додаде дека веќе созрева не само во рамки на Владата, туку и генерално во државата сознанието дека мора да се направат чекори за побрзо прочистување на судството од неквалитетни и непрофесионални судии, а секако тоа се однесува и за обвинителството.

Повеќе на Канал 5.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ