Пендаровски: Мислам да бидам мост меѓу власта и опозицијата и да бидам политичка позиција поставена над партиите

СПОДЕЛЕТЕ

Петседателот Стево Пендаровски во интервју за БИРН, вели дека говорот ќе ја отсликува амбицијата во неговиот мандат да се напушти праксата претседателот да биде доживуван како промотор и понекогаш како непринципиелен заштитник на партијата што го кандидирала.

„Мислам да бидам мост меѓу власта и опозицијата и да бидам политичка позиција поставена над партиите“, вели тој.

Се стекнува впечаток дека мостот за кој говори се темели врз две точки.

Првата е гласноста, без оглед на тоа чии интереси таа ќе загрози во одреден момент. Оваа намера ја открива и неговата прес-конференција за „Рекет“. Самиот вели дека со пресот изненадил многу луѓе, мислејќи повеќе на поединци од условно кажано неговиот политички кампус.

„Имам намера да се произнесувам за сите девијации во општеството и сосема небитно тоа кого ќе го заболи и колку.“

Пендаровски објаснува дека неговото излегување во јавност за „Рекет“ било со цел да се актуализира заборавениот институт – политичка одговорност за луѓето што биле спомнувани во медиумските написи за скандалот, но тие одбирале да молчат.

„Медиумите ги спомнуваа, а тие молчеа два-три месеци.“

Вториот крак на претпоставениот мост, Пендаровски се обидува да го потпре врз политичкиот опонент. На оваа тема засега е претпазлив оптимист.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и членовите на партиското раководство не беа на првиот состанок на Советот за безбедност и, како што раскажува претседателот, го игнорирале неговото барање за консултација околу важните амбасадорски места.

Сепак, Мицкоски дојде на лидерската средба по француското „не“, што за шефот на државата е добар знак.

„Комуникацијата оди со тешкотии. Не секоја иницијатива од моја страна се прифаќа, претпоставувам дека тие имаат свои и легитимни политички интереси, но факт е дека комуникацијата постои, иако не со оној интензитет со кој јас би сакал да биде“, вели Пендаровски и ѝ „признава“ на опозицијата дека „Во историјата на Македонија тие се прва опозиција која го признава претседателот, што е одличен потег“.

„Ни Глигоров не беше признаен од тогашното ВМРО“, вели тој, уверен дека и во случај на евентуална кохабитација по избори „ќе нема никаков проблем“.

Зад девијациите никогаш не стои само еден човек

Останувајќи доследен на намерата, како што вели „да излегува од своите надлежности“, Пендаровски ги коментира состојбите во правосудството.

За него тие се клучни од аспект на евроинтеграциите. Тој ја повтори својата запрепастеност, делејќи го зборот „запрепастен“ на слогови, од застарувањето на случајот за Груевски во „Траекторија“ и од бегството на поранешниот премиер.

Пендаровски е убеден дека би било наивно и премногу симплифицирано, вината за сите дефекти во општеството да се сведува на еден човек. Смета дека застарувањето покажува оти системски работите не се добро поставени..

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ