„Театар или претходно организирано сценарио“ – реакции на политичките парти за „ослободувањето“ на Јанева

СПОДЕЛЕТЕ

По одлуката за пуштање од притвор на Катица Јанева во домашен притвор, реагираа политичките партии. За опозициската партија ВМРО ДПМНЕ одлука Јанева да се ослободи од притворот во Шутка е смислено сценарио на власта.

„Ослободувањето од притвор на Катица Јанева е воедно и срамно и смешно. Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова Кацарска судство и Русковска обвинителство. Најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека има вмешаност на политичари, па најпосле се испостави дека навистина се вршел Рекет и во истиот биле вмешани и политичари и СЈО и се останато и случајно сите ги изгубија мобилните телефоните“, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тоа е одлука на правните органи, и истата нема да влијае ниту позитивно, ниту негативно на национално или меѓународно ниво.

Од партијата на Села, Алијанса за Албанците потсетуваат дека има десетици случаи на албански затвореници за политички монтирани случаи, за кои Апелација одби да изрече мерка куќен притвор.

Додека пак премиерот Зоран Заев одби да ја коментира одлуката на Апелација за ослободување на Јанева. Се повика на извештајот Прибе и препорката дека судските одлуки не се коментираат од политичари. Но, вчера рече дека притворот не треба да биде казна без разлика за кого се работи.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ