Зекири „ја paстypa“ кoaлициjaта со ДYИ: Тие се злo за Aлбaнцитe

Потпретседателот на СДСМ и пратеник од редовите на оваа партија Мyxaмeд Зекири вчера гостуваше на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21. Одговарајќи на прашањето дали би коалицирале повторно со Демократската унија за интеграција, Зекири рече дека тој лично не ги сака Демократската унија за интеграција во коалиција и дека тие биле најлошото нешто што можело да им се случи на Албанците.

Зекири тврдеше дека  во институциите каде раководат функционери на Демократската унија за интеграција, челниците од владеачката албанска партија да вработуваат Македонци, само не Албанци од СДСМ. Зекири обвини дека Блерим Беџети вработувал судии, по што Беџети, се јавил во емисијата и го обвинил Зекири дека зборува под диктат на неговиот патрон (претседателот на СДСМ).

Повеќе ТУКА.

- Реклама -