Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Ќе го почитувате договорот за добрососедство, или не!?

СПОДЕЛЕТЕ

Во Загреб на Конгресот на Европската народна партија, Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, но она што остави впечаток е тоа дека претседателот на сестринската ГЕРБ објави видео од почетокот на состанокот на кој со сериозен тон го распрашува првиот човек на најголемата опозициска партија во Македонија.

На самиот почеток Борисов му објасни на Мицкоски дека пред Бугарија да влезе во ЕУ имало народен концензус од сите партии и дека Бугарија била на вистинскиот пат за во ЕУ. По објаснувањето на Борисов тој го постави прашањето до Мицкоски  дали ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја турка Македонија кон НАТО и ЕУ и да го почитува договорот за добрососедство.

– „Сакам да кажам, кога Бугарија влегуваше во ЕУ – и комунисти, и либерали и десни – имаше народен консензус за тоа дека патот на Бугарија е во НАТО и ЕУ. Затоа многу ми е важно да знам што мисли нашата сестринска партија за Северна Македонија и НАТО“, рече Борисов пред Мицкоски.

Мицкоски му одговара на Борисов речиси потврдно.

На ова Мицкоски му одговара дека за тоа нема дилема и дека неговата партија уште во 1991 била ориентациски кон ЕУ и НАТО, додека „комунистите се колнеле во Белград и Москва“

Второто прашање кое што Борисов му го постави на Мицкоски беше дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи договорот за добрососетсво со Бугарија.

“Многу е важно да го знаеме тоа, да се слушне јасно. Вие го поддржувате ли договорот за добрососедство со Бугарија. Не се знае кој ќе победи утре на изборите – ВМРО-ДПМНЕ или социјалдемократите“, вели потоа Борисов.

На ова прашање Мицкоски одговори дека се што може да биде позитивно и за двете страни , и за Македонија и за Бугарија нема да има дилема.

„Се што може да биде позитивно и за двете страни , и за Македонија и за Бугарија, тука исто така не треба да има дилема“, рече Мицкоски.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ