1957: Македонците во Пиринска Македонија се декларирале како Македонци!

ВО 1957 ГОД. МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (БУГАРИЈА) СЕ ДЕКЛАРИРАЛЕ КАКО МАКЕДОНЦИ. ВО БУГАРИЈА ДЕНЕС ЖИВЕАТ 187.000 МАКЕДОНЦИ!

ВО БУГАРИЈА ПОСТОЕЛЕ И ПОСТОЈАТ МАКЕДОНЦИ! КОЛКУ НЕКОЈ И ДА СЕ ТРУДИ ДАЈА ФАЛСИФИКУВА ИСТОРИЈАТА!

Македонците во Пиринска Македонија (Бугарија), познати како Пиринци или Бугарски Македонци се староседелско население кое претежно живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија.

Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија. Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: средниот век, во Ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските Војни и Првата светска војна.

Македонската емиграција во Бугарија e најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.

Според државната статистика на Република Бугарија на последниот одржан попис во 2011 година, како Македонци се изјасниле 1.654 жители на Бугарија (0,02%), а на пописот од 2001 имало 5.071 Македонци. Но, според Красимир Канев, претседател на Бугарскиот Хелсиншки комитет, во 1998 година нивниот број бил неколку пати поголем.

Во извештајот, Канев наведува бројка од 15.000-25.000 етнички Македонци во Република Бугарија. Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.

Според официјалнот став на Бугарската држава поимот Македонци означува жители на одреден регион во државата и Македонците се дел од бугарскиот народ. Политички, Македонци се само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (вклучително и Албанците од Македонија) е официјален став на бугарската држава.

ВО БУГАРИЈА ЖИВЕАТ 187.000 МАКЕДОНЦИ

Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден – Пирин, во Бугарија живеат од 5.000 до 10.000 луѓе кои се декларираат како Македонци, но преди нивниот броj бил до 187.000 души.

Тие податоци со оглед на одбивањето да се регистира ОМО Илинден – Пирин остануваат да се претпоставува дека оваа бројка е блиска до вистинската, а можеби и поголема.

Попис од 1946 година

Во декември 1946 во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лица, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци.

Бугарската држава до денес се обидува да најде објаснувања за тоа дека овој попис бил направен под присила или по грешка, но покрај тој попис остануваат работи кои до денес се необјанети. Вистина, доколку станува збор за присила, кој можел да присили раководители на една суверена држава да го направат тоа. Второ останува неодговорено прашањето дали под вакви услови биле пренесени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија. Некои од одговорите кои современа Бугарија се обидува да си ги даде во врска со ова се дадени во овде.

Познавајќи ја негаторската политика на официјална Софија, многу историчари ги имаат изнесено фактите за вистината на македонците во Бугарија, кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира. Најнов бисер е „присилниот попис од 1946 година“.

Попис од 1956 година

При пописот на населението во 1956 во Пиринска Македонија, од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63% од целокупното пиринско население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.

За фалшификуването на пописот од 1956 зборува Улрих Бјуксеншјутц во книгата „Малцинствената политика в Бугарија. Политиката на БКП кон евреи, роми, помаци и турци (1944-1989).“, 2000, IMIR.

Попис од 2001 година

Според пописот од 2001 населението во Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341.173 жители, а од нив 306.118 како мајчин јазик го декларирале бугарскиот јазик, 19.819 жители го декларирале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 го декларирале ромскиот јазик. Наеднаш македонците исчезнале од своите предели.

- Реклама -