Петковски: Македонија имаше само еден лидер – Киро Глигоров, другите се само претседатели на партии

Во вечерашното издание на емисијата „200“ на Алсат ТВ, претседателот на НСДП, Тито Пековски му беше поставено прашањето колку партиските лидери придонесуваат за демократизација на едно општество и дали политичкиот процес е жртва на лидерите кои не ги слушаат критиките?

Тој рече дека во Македонија нема лидери, туку само партиски претседатели кои само доколу научат да го користат колективното знаење на членството ќе станат успешни. Петковски истот така кажа дека во Македонија до сега имаше само еден лидер, а тоа е Киро Глигоров и дека сите други лидери се само претседатели на политички партии.

„Политичките партии во Македонија се лидерски партии бидејќи функционраат врз лидерските принципи. Партијата се идентификува со лидерот. Се се врзува со моќта и способноста на лидерот, од доброто до лошото. Тоа не е само наша карактеристика така е и во светот. Лидери во Македонија јас искрено не гледам, според моите сфаќања Македонија имаше само еден лидер тоа е Киро Глигоров, неговиот лик и дело. Другите за мене се претседтели на политички партии. Лидер значи водство, но значи и да антиципираш и да гледаш во над хоризонтот, во иднината,“ рече Петковски.

Според него, во Македонија вистинска демократија имало само две години од 1990 до 1992 година. Тоа е херојското време на Македонија, рече Петковски.

Повеќе на Аласт М.

- Реклама -