Апелациониот суд ќе ја пријави во полиција обвинителката Рускоска за заканувачка СМС

СПОДЕЛЕТЕ

СДК од извори во судот  дознава дека Апелациониот суд Скопје синоќа се дигнал на нозе откако шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага.

Суште нема официјална изјава од судот во врска со смс пораката, но СДК дознаваат дека за утринава рано е закажан колегиум каде што ќе се договра содржината на пријавата до МВР против Рускоска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката Јанева да се пушти во домашен притвор. Во пријавата што се подготвува ќе се прати и принтскрин од смс пораката која соджела и недолични зборови.

Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“.

Повеќе на САКАМДАКАЖАМ.МК.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ