Героски: Вакви какви што сме, додека да се изнадише Заев – немаме шанси за во ЕУ!

СПОДЕЛЕТЕ

Пишува Бранко Героски за „Плусинфо“

За да не се лути никој друг од медиумите, ќе цитирам наслов од вест на порталот Плусинфо: „Уставните судии утре ќе дискутираат за иницијативата со која може да ги спасат функционерите од затвор“. Веста е на агенцијата МИА и гласи вака: „Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати за утре закажал колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираат за иницијативата за членот 353, став 5, од Кривичниот законик, а која се однесува за злоупотреба на службената положба. По овој предмет уставните судии дискутираа на последната седница, а гласањето беше одложено за следната седница“. Следат две изјави на судијата Мурати од технички карактер и потоа кус бекграунд на веста: „Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од членот 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери“.

Ако бидете малку поупорни и прочитате неколку други вести на истата тема, можеби ќе најдете уште еден „битен“ детаљ. Порталот Фокус, на пример, под сугестивниот наслов „Уставните судии утре ќе решаваат за членот со кој може да спасат дел од обвинетите од СЈО“, пишува: „Тој (адвокатот Миланов – м.з.) предлага да се укине овој член, или да се прифати претходната поблага одредба, која пред 2009 година била за овие злоупотреби 4 години затвор минимум, со што би застареле дел од кривичните дела за кои се гонат поранешни функционери, а по обвиненија на СЈО“.

Пропагандата не дозволува стручна дебата

Како и да е, ќе ви биде потребно многу сурфање и многу истражување, за да сфатите што, всушност, бараат уставните судии Јован Јосифовски, Никола Ивановски, Осман Кадриу и Елена Гошева, кои на последната седница на Уставниот суд „биле најгласни“ (срам да им е!) во одбраната на иницијативата за испитување на уставноста на членот од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба и овластување, кога се во прашање постапките за тендери. Станува збор за членот од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување, при што има направена штета на Буџетот, а опфаќа најголем дел од обвинетите од СЈО.

Според медиумската пропаганда на Заев, на која, ете, подлегнуваат и сериозни и професионални медиуми, сѐ што треба јавноста да знае е дека станува збор за иницијатива со која наводно требало да се спасат обвинетите од предметите на никогаш непрежаленото СЈО. Со тоа се дисквалификува секakov обид за дебата за аргументите на подносителите на иницијативата. Па така, најголем дел од јавноста не може да дојде ни до елементарна информација што е спорно во овој член од Кривичниот законик… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ