Home 365 Денес МојДДВ се проширува со #МојаНаграда: Ќе се наградуваат и скенираните сметки со 0 проценти ДДВ

МојДДВ се проширува со #МојаНаграда: Ќе се наградуваат и скенираните сметки со 0 проценти ДДВ

0
МојДДВ се проширува со #МојаНаграда: Ќе се наградуваат и скенираните сметки со 0 проценти ДДВ

„МојДДВ покажа дека дава резултати за целта за која беше наменет, односно над 150.000 луѓе активно скенираат сметки и на тој начин помагаат во решавањето на еден значаен проблем – сивата економија. Сакаме овој опсег уште повеќе да се прошири. За таа цел од средината на декември ќе започне МојДДВ #МојаНаграда“, вчера уште еднаш најави министерката за финансии – Нина Ангеловска, во интервју за МИА.

Како што пренесува „Макфакс“, Министерството за финансии за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „МојДДВ“, ќе издвои половина милион евра. Предвидени се 10 награди дневно, 15 награди на месечно ниво и две главни награди. На дневно ниво се предвидени награди од 1.000, 2.000 и 3.000 денари. Во наградната игра ќе учествуваат и скенираните сметки со 0 отсто ДДВ.

„Со ова граѓаните ќе имаат уште поголем мотив да влијаат и на адресирањето на сивата економија. Секоја скенирана фискална сметка потенцијално е добитна, односно зборуваме за една вин-вин наградна игра, бидејќи сите добиваме – единствено кога губи сивата економија“, додаде министерката.

За маркетинг-стратегијата за промоција на наградната игра, Министерството за финансии ќе плати 33 илјади евра. Повеќе на „Макфакс“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here