Ангеловска: Во декември започнува „Мој ДДВ – Моја Награда“, ќе има две главни, но и дневни и месечни награди

СПОДЕЛЕТЕ

„МојДДВ покажува дека дава резултати за целта за која е наменет, односно над 150.000 луѓе активно скенираат сметки и на тој начин помагаат во решавањето на еден значаен проблем – сивата економија, вели во интервју за МИА, министерката за финансии“, Нина Ангеловска.

Таа во интервјуто наведува дека целта е луѓето активно да земата учество во оваа наградни игра првенствно за да се раши еден значаен проблем, а тоа е сивата економија. Истоа така таа напомена дека за наградната игра  „МојДДВ #МојаНаграда“  граѓаните со скенирање на фискалните сметки, тие ќе може да станат и добитници на парична награда.

„Сакаме овој опсег уште повеќе да се прошири. За таа цел од средината на декември ќе започне МојДДВ #МојаНаграда. Наградниот фонд за играта ќе биде половина милион евра и ќе се доделуваат парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии. Покрај повратот, кој ќе го остваруваат граѓаните со скенирање на фискалните сметки, тие ќе може да станат и добитници на парична награда. Со ова граѓаните ќе имаат уште поголем мотив да влијаат и на адресирањето на сивата економија, односно секоја скенирана фискална сметка потенцијално е добитна – односно зборуваме за една вин-вин наградна игра, бидејќи сите добиваме – единствено кога губи сивата економија. Надградената мобилна апликација ќе содржи и едукативни елементи“, вели Ангеловска.

Во интервјуто кое што Ангеловска го даде за МИА, таа зборува и за предлог  буџетот за 2020 година, кој Владата го усвои неделава исто така таа посочува на инвестициите во човечкиот капитал кои имаат централно место во Предлог-буџетот за 2020 година.

Наведувајќи податоци за индексот на човечкиот капитал во земјава во однос на развиените земји и земјите од регионот вели дека порано долго време се запоставувал нашиот највреден капитал-луѓето.

-Го менуваме тоа така што инвестираме највисока сума досега 154 милијарди денари во човечки капитал – истакнува Ангеловска.

 

Повеќе ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ