Пендаровски: Не вложуваме напори за да им се допаднеме на бирократите во Брисел, туку за доброто на нашиот народ

Помалку од еден месец откако Емануел Макрон стави вето за отпочнување на пристапните преговори помеѓу ЕУ и Северна Македонија, Стево Пендаровски вели дека е подготвен за „вистински промени“, пишува францускиот весник „Ле монд“, кој претседателот го опишува како човек исполнет со надеж дека Европската Унија (ЕУ) сепак ќе ѝ подаде рака на неговата мала земја, но и убеден дека има цврсти аргументи.

-„Навистина се чувствува горчина кај населението. Но, тоа не беше одлука на Емануел Макрон, туку на на Европскиот совет“, вели Пендаровски во интервјуто за весникот „Ле Монд“.

Во врска со одлагањето на стартот на преговорите за членство на земјата во Европската унија, поради противењето на Франција”, претседател вели дека случајот со Македонија е многу јасен, бидејќи покрај Турција „ние сме најстарата земја кандидатка”.

– „Поминаа 14 години како што сме во чекалната на Европската Унија. И во последните десет години, Европската комисија сериозно препорачува започнување на преговори за членство со нашата земја, бидејќи таа ги исполнува сите предуслови. Освен што прво моравме да го решиме историскиот спор околу името на нашата земја за надминување на ветото на Грција. Тоа успеавме да го сториме со Договорот од Преспа од јуни 2018 година. И ЕУ повторно ни рече „не”? Ништо не ја оправдува оваа одлука, која е истовремена многу непријатна и многу шокантна. Таа исто така беше многу критикувана“, нагласува Пендаровски.

Пенадровски во интервјуто вели дека сите биле уверени дека ќе имаме привилегирани преговори поради решавањето на деценискиот спор за името со соседна Грција.

-„Сите беа уверени дека ќе имаме привилегирани преговори. Ние направивме нешто што никој друг не го сторил во историјата на модерната дипломатија. Но, дури ни тоа не беше доволно“, истакнува претседателот.

Тој во интервјуто уверува дека ја С. Македонија ја поддржува идејата за трансформација на процесот за пристапување, бидејќи, како што вели, процесот на пристапување навистина го трансформира општеството за приближување кон стандардите на земјите основачи.

-„Ние не ги вложуваме сите овие напори за да им се допаднеме на бирократите во Брисел, туку за доброто на нашиот народ. Јас имам 56 години и половина од животот го поминав во авторитарна држава, во поранешна Југославија. Во периодот од 2006 до 2016 година, повторно бевме потчинети на авторитарен режим, во Владата на Груевски“, нагласува Пендаровски споменувајќи го поранешниот премиер Никола Груевски кој е осуден на две години затворска казна поради злоупотреба на службената должност и кој денес е во бегство во Унгарија.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -