Многу бргу ќе ги боли глава од документите одземени од кај мене

СПОДЕЛЕТЕ

Откако вчера порталот МКД објави дека во домот на пратеничкатаФросина Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски биле пронајдени доверливи документи, при претресот за истрагата на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, со реакција се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат дали Ременски од УБК изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури.

-Доколку со таква леснотија се изнесуваат документи од МВР, дали како држава треба да стравуваме дека и други лица поседуваат класифицирани документи во своите домови и ги користат за приватни работи и уцени!?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На партиската реакција пак на фејсбук одговори пратеничката Ременски:

-Читам, портпаролот на ДПМНЕ многу нервозен денес на прес конференција влегол во филм за некакви уцени со класифицирани информации поведен од “веста” од вчера и не знам по кој пат го спомнува Јовче Ременски.

Да му порачам и нему и на сите заинтересирани дека, од тие “класифицирани” документи одземени од мене – Фросина Ременски многу бргу ќе ги боли глава.

И нека не се залажуваат дека, Ременски работат како нивните суфлери “безбедњаци”, на пазарења, помилувања, креирање инсинуации, прикаски, и воопшто не се занимаваат со партиски фрустрации на спикери и полтрони.

А прашањето од пресот дали на ОЈО и на МВР им е потребен дополнителен медиумски притисок, само покажува како знаеле и како знаат.
Се надевам ќе има прес и медиумски притисок кога ќе дознаат за мистериозните документи, напиша Ременски на фејсбук.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ