Милошоски: Една година јавноста го чека извештајот за тоа како поранешниот премиер бил недостапен

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва беше гостин во „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Тој истакна дека застарувањето на судските предмети не е случајно и негов сомнеж е дека постои некој таен позадински договор помеѓу одредени влијателни актери во државата, вклучувајќи го тука и самиот прв човек на Владата како и оние кои претходно што биле влијателни на таа позиција.

-„Застарувањата не се случајни и мојот сомнеж е дека постои некој таен, позадински договор помеѓу одредени влијателни актери во државата, вклучувајќи го тука и самиот прв човек на Владата, но и оние кои претходно биле влијателни на таа позиција, некој премолчен договор да не се стигне можеби до целосната вистина по одредени случаи. Инаку, како поинаку ние би го разбрале сведочењето на господинот Верушевски кој беше прв соработник, и уште е, на господинот Заев и беше човекот кој ги имаше на располагање тие прислушкувани материјали, кога на едно од последните рочишта кажа дека голем дел од тие материјали биле компромитирани“, истакна тој.

Милошоски оценува дека оваа изјава на Верушевски е дадена наменски за да му помогне некому.

Во емисијата исто така напомена дека сеуште се чека извештајот од МВР и ЈО за тоа како се случило поранешниот премиер да биде недостапен.

-Една година јавноста е во исчекување да види каде е извештајот од МВР и ЈО за тоа како се случи поранешниот премиер да биде недостапен и да не биде веќе присутен во земјата. Откако се случи тој настан кој предизвика голема бура, турбуленции критични кон самата власт, премиерот, министерот за внатрешни работи и ЈО кажаа дека „работиме на случајот и во најскоро можно време ќе излеземе со извештај за тоа што се случило и како се случило“, истакна Милошоски.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -