По повод Денот на град Скопје цела скопска естрада во преработката на „Скопје“ од „Леб и Сол„ (ВИДЕО)

Во пресрет на 13 ноември, Денот на град Скопје пејачката Биба Додева ја преработи познатата песна „Скопје“ од „Леб и сол„.

Интересно е што во спотот се појавуваат многу познати личности од естрадата, навивачи на „Вардар„, глумци и пејачи.

Таа на својот Фејсбук се заблагодари на сите кои што учествуваа во снимањето на песната, а посебна благодарност до Влатко и Горан Стефановски.

„Фала на Влатко и Горан Стефановски, што можев да растам со пенава, па сега и да ја препеам.Одамна нашево Скопје не звучело и изгледало вака Весело! Ви благодарам што бевте дел и без вас ова вака немаше да изгледа!

Честит празник Скопје мое. Чисто да ни бидеш, да те дишеме, да се гушкаме и љубиме повеќе! “

 

Извор Репортер.

 

- Реклама -