Заев: Го исполнивме аманетот на Мисирков и го заштитивме македонскиот јазик

Премиерот Заев денес учествуваше на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“

Тој на својот Фејсбук напиша:

„Визијата на почитуваниот Крсте Петков Мисирков, еден од најголемите борци за признавањето на македонскиот јазик – нашата генерација ја оствари и сите треба да сме горди со тоа.

Денес македонскиот народ и македонскиот јазик се признаени од целиот свет. Македонската национална култура и историја се непобедливо оружје во борба за човечки права и за слободен национален живот и сме рамноправен член во културите на народите.“

- Реклама -