Царовска се огласи: Колку ќе изнесува минималната пензија за 2020

СПОДЕЛЕТЕ

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари.

Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, не е ад хок решение, туку резултат на тоа што минатата година просечната плата се зголемила за над пет отсто, а минималната плата за над 15 проценти.

– При спроведувањето на пензиската реформа дадовме индексација на трошоците на живот два пати годишно и трето дополнително зголемување кога ќе имаме други економски паратметри како можност да го усогласиме квалитетот на живеење на работоспособното население со пензионерите.

Затоа во член 37 од законот интервенираме и велиме во случај кога минималната плата расте со над 15 отсто и просечната плата во претходната година над пет проценти ги усогласуваме пензиите трет пат до максимум до растот на просечната плата во државата, рече Царовска, додавајќи дека со ова на некој начин се прави дополнителна индексација на пензиите во насока на следење на економскиот раст и потенцијал на државата

Целата статија ТУКА

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ