Home 365 Денес Детектор анкета: Мнозинството граѓани живееле подобро пред 5 години отколку денеска

Детектор анкета: Мнозинството граѓани живееле подобро пред 5 години отколку денеска

0
Детектор анкета: Мнозинството граѓани живееле подобро пред 5 години отколку денеска

Меѓу 500 и 600 евра му требаат на едно просечно семејство за да го преживее месецот, покажува последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Со последното истражување речиси две третини од граѓаните не можат да си покријат месечните трошоци со своите примања.

Според него, 65,5% од анкетираните граѓани рекле дека месечните приходи не и се доволни за да ги покријат сите трошоци во месецот. 29,1% од граѓаните имаат доволно средства за цел месец додека 5,4% немаат одговор. Прашани дали живеат подобро сега, или пред 5 години, 33,5% од граѓаните велат дека порано живееле подобро, додека 32,3% не гледаат никаква разлика. 23,7% од анкетираните велат дека сега живеат подобро отколку пред 5 години.

Во споредба со претходната анкета која за Детектор ИПИС ја спроведе во јуни годинава, значително е намален бројот на граѓани кои со своите месечни примања можат целосно да си ги покријат месечните трошоци со своите месечни примања. Од 22,1% во јуни, бројот на граѓани кои заработуваат доволно за да ги покријат своите трошоци се намалил на 12,6%.

Според мнозинството граѓани, за да се задоволат месечните потреби на едно четиричлено семејство потребни се меѓу 30 и 35.000 денари. Ваков став имаат 38,5% од анкетираните. 24% сметаат дека за тоа се потребни меѓу 20 и 30.000 денари, а 19% се на став дека за основните месечни потреби на едно четиричлено семејство требаат меѓу 35 – 40.000 денари. 7,2% од анкетираните велат дека за потребите на четиричлено семејство месечно им требаат меѓу 40 и 45.000 денари додека 5,4% се на став дека се потребни над 45.000 денари.

Повеќе ТУКА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here