Јас сум Македонец, а не нешто новосоздадено

Ова не е „спор” меѓу Република Македонија и Грција. Ова е културолошки геноцид против целата Македонија и сите Македонци.

Доколку анти-македонските аргументи на Западот се применат насекаде, тогаш сите држави кои прогласија независност по падот на Железната завеса – и нивните народи – би требало да се прогласат за „новосоздадени“. Би требало да се каже дека и тие немаат историја пред 1991 година. Ерменскиот геноцид не се случил бидејќи тогаш немало Ерменци. Безимени, непостоечки нелуѓе биле масакрирани од страна на Турците. Украинците имале најмногу шест години кога се емитуваше познатата епизода „Украина е игра за тебе“ на серијата Сајнфелд. Голем успех за нив, да бидат спомнати во најпознатата телевизиска серија на сите времиња, и тоа само неколку години откако беа измислени како народ.

Па оттаму, кажете ми зошто овие смешни аргументи сѐ уште се употребуваат против Македонија? Вештачкото „прашање за името“, кое Грција го создаде за да го негира нашето постоење, како и да го негира нејзиниот прогон (и најпосле елиминирањето) на Македонците, беше прогласено за „дипломатски спор“ меѓу „новосоздадената“ Република Македонија и Грција, најголемиот негатор на човековите права во Европа. Грција сака светот да мисли дека нејзиното право на сопственост врз Македонија е „старо“, додека македонското право на МАКЕДОНИЈА е нешто „ново“. Тие сакаат да поверувате дека независноста на една држава значи дека тогаш се создал нејзиниот народ.

Со самото тоа што сериозно размислуваме за грчките ставови значи дека одиме по умот на нашиот угнетувач. Дали би разговарале со некој кој негира дека при колонизирањето на Северна Америка брутално биле уништувани културите на домородните народи? Дали мирно би седеле кога некој го негира Холокаустот? Ако не, зошто тогаш Западот си дозволува да ѝ верува на Грција?

Една од причините е незнаењето. Намерното незнаење, е втората причина. Грција вети дека ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО и во ЕУ доколку не си го смени името, па оттаму САД и Западна Европа решија да ги напуштат сите вредности за кои велеа дека им се свети – демократските принципи, почитувањето на човековите права, меѓународното право – и со сила ја принудија Македонија да влезе во НАТО.

Да не забораваме дека и Бугарија, Албанија и Србија исто така полагаат право врз Македонија. Како може Македонија одеднаш да биде и грчка и бугарска и албанска и српска? Вистина е лесна за паметење – Македонија е МАКЕДОНСКА.

Не би требало да морам да го правам ова, но дозволете ми да елаборирам понатаму. Светот, вклучително и нашите угнетувачи, признава дека Македонија била поделена во Балканските војни во 1912/13 година меѓу овие погоре наведени држави. Секоја од нив почна со притисоци за да се избрише секоја трага на Македонија и на Македонците. Иронично, Грција, која беше најгласниот негатор на Македонија, во 1988 направи шокантен потег и ја сврте својата пропаганда наопаку, и по децении негирање одеднаш почна да го присвојува македонското име. Секако, таа сѐ уште тврдеше дека нашиот народ не постои, и сѐ уште работи за тоа да се оствари.

Оттаму, ова не е „спор“ меѓу Република Македонија и Грција. Ова е културолошки геноцид против целата Македонија и сите Македонци. Преку „Преспанскиот договор“, кој ни беше наметнат од западот (договор кој не е прифатен од никого), името на Македонија се менува во „Северна Македонија“, а на Македонците им се негира правото на сопствен иденитет. Членот 7 (2) им го отстапува името Македонија на Грците. Членот 8 (5) наложува дека група грчки дипломати ќе можат да ја изменат македонската историја и да ги променат македонските учебници. Ставете се на наше место. Обидете се, ако можете, да ми кажете дека преку ноќ јас станав „северномакедонец“. А потоа престанете да се преправате дека една нација се раѓа само со создавањето на нејзината национална држава.

Целата статија прочитајте ја на МКД.мк

- Реклама -