Палмер: „Франција не рече „не“, туку „не сега“

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, даде интервју за „360 Степени“.  Во текот на интервјуто  теми на кои што се разговараше беа: неможноста на Европската Унија да постигне консензус за отворање преговори за членство со Северна Македонија, можните последици од тоа во земјава и регионот, иднината на Преспанскиот договор, заедничките руско-српски воени вежби и најавата од Белград за набавка на руски ракетни системи, дијалогот Белград-Приштина.

На прашањето за неуспехот на земјите-членки на еу да постигнат концензус за почеток на преговори  за членство со Северна Македонија, дали Преспанскиот договор е загрозен? Овде има две поенти – правна, која е поврзана со отворање на преговарачки поглавја со ЕУ и политичка зашто владата загуби силен аргумент зошто воопшто и го потпишала Договорот, додека опозицијата, која беше и е против Договорот, освојува простор тој одговори:

„Ви благодарам на прашањето кое е важно. Би почнал со тоа да потенцирам што Европскиот совет направи или не направи. Не и беше кажано „не“ на Северна Македонија, не беше одбиена да почне пристапни преговори туку, едноставно, не беше постигнат консензус. Она што земјите-членки на ЕУ го направија беше дека кажааа оти ова прашање ќе го разгледуваат во рамките на натамошна поширока дискусија за проширувањето со мисла за постигнување договор оваа пролет, можеби веќе во мај. Она што ние сакаме да го правиме е да работиме со нашите европски партнери за да ги охрабриме за позитивна одлука на Европскиот совет заради што е можно поскоро отворање преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, се надеваме дека веќе март би бил достижен рок. Не би сакал да зборувам за тоа дали ова е закана за Преспанскиот договор. Јас, ние сакаме да бидеме фокусирани на европската перспектива на С. Македонија и на што е можно побрзо отворање преговори за членство“.

На прашањето за Преспанскиот договор и  која е позицијата на САД? Палмер кажа дека САД силно го подржува Преспанскиот договор и тие сметаат дека еговата целосна имплементација ќе придонесе за мирот, сигурноста, стабилноста, дека ќа го поддржи просперитетот на С. Македонија, Грција, поширокиот регион.

„Силно го поддржуваме Преспанскиот договор. Сметаме дека неговата целосна имплементација ќе придонесе за мирот, сигурноста, стабилноста, дека ќа го поддржи просперитетот на С. Македонија, Грција, поширокиот регион. Би сакале ова да се движи напред… Разбираме дека е во тек политичка кампања, дека политичарите ќе направат се што можат пред граѓаните. Стретешки гледано, сметаме дека сите инволвирани ќе ја разберат важноста на одржување силно партнерство меѓу С. Македонија и Грција и ќе соработуваме со нашите партнери во Скопје, без оглед кој ќе победи во изборниот процес, во поддршка на целите на САД и на европската иднина на С. Македонија“. – рече Палмер.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

- Реклама -