Палмер денеска во Скопје, ќе разговара со Димитров

СПОДЕЛЕТЕ

Министерот за надворешни работи – Никола Димитров, денеска ќе го прими специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан – Метју Палмер, кој ќе престојува во работна посета на нашата земја.

Како што соопштија од МНР, покрај за севкупниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, Палмер и Димитров ќе дискутираат и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.

Високиот претставник на Стејт Департментот се очекува да пристигне во Министерството за надворешни работи околу 14:30 часот.

- Реклама -