Милевски: Во Грција нема табли со новото име, се уште стои „Скопиа“

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски забележал враќајќи се со возило од Атина кон граница дека нема ниту една табла со новото име Северна Македонија.

-Се уште стои понижувачкото име Скопиа и се разбира и овој дел не е испочитуван. Јас на првата седница на Владата ќе побарам од министерот за надворешни работи да интервенира не само македонската страна да го почитува договорот туку да бараме и од Владата во Атина, да ги испочитува и својот дел од договорот, рече лидерот на ЛДП.

На конгресот на европски либерали што се оддржа во Атина беше донесоа едногласна резолуција за започнување на преговори на Македонија со ЕУ, што, според Милевски, е многу значајно од причина што либералите се во коалиција со францускиот претседател Емануел Макрон.

- Реклама -