Грците загрижени за Преспанскиот договор: Што ако победи ВМРО дали ќе се имплементира договорот?

Постои загриженост во Грција по Самитот на Унијата дали ќе се имплемнтира Преспанскиот договор од Преспа во однос на ерга омнес употреба на новото име и веројатноста за ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите кои што ќе се одржат на 12 април 2020 година. Ова се точки за кои што изразуваат загриженост во Грција, пишува грчкиот весник „Реал њуз“ (Real news), jави дописничката на МИА од Атина.

Во самиот текст под наслов  „Атина е загрижена за случувањата на Балканот“, новинарот, ја анализира ситуацијата во регионот по Самитот на ЕУ и француското вето, но и ставовите на Грција за темите кои директно ја засегаат.

„Директното прашање што произлегува за Атина е имплементација на Договорот од Преспа. Ерга омнес виси во однос на државните документи на Северна Македонија што се издадени пред ратификацијата на договорот, бидејќи предвиден е преоден период што е поврзан со отворањето на пристапните поглавја. Јасно е дека без датум за почеток на пристапни преговори, Скопје нема никаква обврска за промена на документите„, пишува весникот.

Како втор проблем за кој што сметаат дека е поголем доколку на изборите на 12 април 2020 година победи ВМРО-ДПМНЕ, „кое не е воопшто расположено да го имплементира договорот“.

Весникот пишува дека „торпедото“ на Емануел Макрон за европската перспектива на Северна Македонија беше шлаканица за целиот регион. А аналитичарите и дипломатите на кои што се повикува, се согласни дека негирањето на 27-те земји од унијата да одредат датум за Албанија, „а особено за Северна Македонија значајно го намали зрачењето на ЕУ“.

Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -