Пендаровски вонреден Самит на земјите од Западен Балкан

СПОДЕЛЕТЕ

Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета во Тирана порача Северна Македонија, Албанија и другите земји од регионот треба да продолжат по европскиот пат зашто друга алтернатива нема.

Тој предлага во наредниот период да се одржи вонреден Самит на земјите од Западниот Балкан на кој „ќе се разговара за проширувањето и добрососедските односи и да ги отфрлиме алтернативите на проширувањето“. Доколку има согласност, Самитот би се одржал во Македонија.

На прес-конференцијата тој истакна дека заедно со претседателот Илир Мета како претседатели се должни да продолжат да ги охрабруваат сите политички партии во двете држави да продолжат со европската реформската агенда и да ги убедуваат европските лидери дека преговорите со земјите во регионот се влог во стабилноста и просперитетот.

На средбата со Мета, македонскиот претседател предложил да се формира и неформална група на македонско – албанско пријателство. Исто така се разговарало и за малцинствата кои што живеаат во двете држави.

Повеќе на Нова ТВ.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ