Грчката дијаспора со писмо до Макрон во кое искажуваат благодарност за ветото кон Северна Македонија

СПОДЕЛЕТЕ

Откако Франција го блокираше отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија, а истото го сторија и Данска и Холандија се појавија низа рекции во јавноста. За ветото од страна на Франција со свои „позитивни“ реакции се обрати и грчката дијаспора со благодарност до францускиот претседател за неговата постапка за неотпочнување на преговори со Македонија.

Во Неос Космос е објавено писмо од грчката дијаспора, во кое што тие искажуваат благодарност до претседателот Емануел Макрон за ветото кон Северна Македонија за прием во ЕУ.

Во писмото на Светските пан-македонски грчки здруженија до Макрон пишува:

„Горди сме како Грци со потекло од северниот регион на Грција, Македонија, место кое отсекогаш било составен дел од грчкиот свет (преку 3.000-годишен континуитет на историјата, културата и јазикот). Горди сме кога нешто е поврзано со националната безбедност и националната гордост на нацијата. Како резултат на тоа, ние никогаш нема да дозволиме ниту една држава чии граѓани не се Грци да го узурпираат нашиот идентитет, бидејќи никогаш нема да прифатиме нешто што ја загрозува националната безбедност на Грција, што исто така служи и на безбедноста на ЕУ.

Знаеме дека минатото е важно, историјата е важна и тоа не може да се остави во рацете на луѓето кои тоа не го почитуваат.

Покрај тоа, господине претседателе, со ова вето ги заштитивте принципите на Европската Унија која својот успех го заснова врз следната дефиниција: државите и нациите треба да бидат подготвени да влезат во ЕУ врз строги правила и регулативи. Тие треба да ја покажат својата искреност кон обврските и целите на внатрешните реформи и подобрените регионални односи (особено ако соседите се членки на ЕУ). Скопје (на многу нивоа) сè уште не е подготвено.

Вашето вето ја поправи грешката и на претходната грчка влада што доведе до лажна политичка победа во форма на Договорот од Преспа, што Скопје веќе го кршеше повеќе пати. Овој договор се заснова на лажна историја и беше ратификуван со арогантното непочитување на грчкиот Устав и против волјата на грчкиот народ. Ги заштитивте стандардите на Европа и достоинството на еден европски народ (нашето достоинство и историското право да бидеме единствени Македонци) и за ова ви благодариме“.

Повеќе на МКД.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ