Заев: Јас ќе бидам премиер, а за технички премиер допрва ќе одлучуваме

Премиерот Зоран Заев кој на 3 јануари ќе се повлече од функцијата согласно „пржинските правила“ 100 дена пред предвремените парламентарни избори, вели дека тој одново ќе биде премиер доколку СДСМ формира нова влада. А за
техничкиот премиер допрва ќе се одлучува и ќе биде познат во декември.

Тој истакна дека е важно е да не се закочат веќе почнатите процеси по 3. јануари , додека има два месеца и осум дена за да се избере техничкиот премиер.Посочи дека немаат ниту причина, ниту право, ниту обврска брзо да одлучуваат.

– „Крајот на декември ќе ја донесеме одлуката на координација во СДСМ, а потоа и со партнерите од коалицијата, кој ќе биде технички премиер, кој ќе биде дополнителни заменици министри во внатрешни и труд и социјална политика, а опозицијата ќе си одлучи за своите места“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер”.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -