Ни „Сваровски“, ни „Луј Витон“, туку судство кое нема да поштеди никого, па ни Никола Груевски – ветува Мицкоски

СПОДЕЛЕТЕ

Ни „Луј Витон“ судство, какво што има денес, ниту „Сваровски“ судство, какво што имаше порано – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски инсистира на судство без роднински врски и тефтерчиња кое ќе го казни буквално секој што згрешил пред законот.

Во интервју за „Слободен Печат“, Мицкоски најавува еднаквост пред законот без разлика кој од чиј „двор“ доаѓа, но и учење од примерот на Естонија.

„Ајде да договориме да не старее економскиот криминал, и да не биде само избрано или именувано лице. Да видиме што се случува во бизнисот, во администрацијата, во правосудството. Ние имаме административци со по неколку станови, вили, возила стекнати со плата. Да видиме како ги стекнале. Имаме судии и обвинители кои располагаат со сериозни имотни листови. Да учиме на успешни примери како оној од Естонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе нема концесија кон никого“, вели Мицкоски.

Прашан дали тоа важи и за Никола Груевски, Мицкоски одговара дека мисли на буквално сите:

„Вклучувајќи го… секого, кога велам никого, мислам на никого, нула!“. Целото интервју погледнете го ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ