Тачи: Прво предвремени избори па попис на население

СПОДЕЛЕТЕ

Лидерот на ДПА Мендух Тачи нагласи дека политичките партии во Македонија не гледаат ни една друга алтернатива освен да продолжат по патот на интеграција кон НАТО и ЕУ.

Тој нагласи дека предвремени избори ќе има на 12-ти април, но за жал изборите се совпаѓаа со датумот за попис. Истакнува дека сепак за пописот да се спроведе ќе требаат уште неколку месеци.

Додека според лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изборите не треба да бидат врзани со пописот кој треба да се одржи на пролет.

„Изборите не го попречуваат пописот. Изборите не се врзани за таа техничка операција. Уште подобро ако се одржи тогаш, бидејќи ќе биде тргнат од рацете на политиката и ќе се заврши демократски и како што треба“, смета Села.

Повеќе на А1он.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ