Дали проширувањето на ЕУ е нависитина како една „Бескрајна сапунска опера“

СПОДЕЛЕТЕ

Колумна на Љупчо Поповски

Така е во политиката. Не верувајте во сѐ што ви кажуваат. Зоран Заев тоа го почувствува на драматичен начин. Сега му останува да ги лечи тешките рани и да се прашува – дали бев премногу наивен?

Младата и речиси неискусна француска министерка за европски прашања, Амели де Моншалан, направи добра синтагма пред почетокот на министерскиот совет на ЕУ кога го оквалификува проширувањето на Унијата како „бескрајна сапунска опера“. Се разбира, таа на новинарите сакаше да им каже дека Париз мисли дека вака веќе не може да оди проширувањето и дека Унијата треба прво да се реформира за после да прима нови членки. Но, настаните во кои учествуваше и таа, покажаа дека Франција како еден од двајцата главни актери на европската сцена, всушност, е главен промотор на „бескрајната сапунска опера“. Кога им ветуваш веројатно членство на аспирантите гладни за европски вредности, а потоа се преправаш дека тоа не си го кажал, па дури измислуваш и објаснувања кои се екстремно прозаични.

Ако Емануел Макрон се присетеше само малку на неговиот програмски говор за надворешната политика од септември 2017 на Сорбона, ќе сфатеше дека тогаш немаше никаков страв од никого, а најмалку од албанските мигранти во Франција. Неговиот тогашен говор навистина имаше визија, сегашното објаснување за некакви криминалци од дивиот Балкан, е приземно, прилично несоодветно за човек кој сака да се претставува како голем државник кој сака повторно да ја претвори Франција во најважен играч во Европа.

Во тој долг говор на Сорбона, Макрон одвои еден пасус и за Балканот и го кажа ова:

„Кога целосно ќе ги почитуваат законодавството и демократските барања, оваа ЕУ ќе мора да се отвори кон балканските земји, бидејќи нашата ЕУ е сè уште привлечна и нејзината аура е клучен фактор на мирот и стабилноста на нашиот континент. Тие мора да ги почитуваат предвидените услови, но за да ги обезбедиме нив во Европската Унија, реинвентирана на овој начин е предуслов за тие да не го свртат грбот кон Европа и да се движат кон Русија или Турција, или кон авторитарните сили кои во моментот не го поддржуваат нашите вредности“.

Тогаш овие зборови беа протолкувани како посветеност на новиот претседател кон европските вредности и заокружувањето на Европа со делот што недостасува. Има ли денес нешто од тоа? Малку, оценуваат многумина. Неговата најава дека земјите од Балканот, кои не се внатре во Унијата и се поблиску до Брисел од Бугарија и Романија, би можеле да бидат само дел од соседството и да се претворат во една голема енклава, предизвика многу недоумици и зачуденост дали францускиот претседател тргнува во мисија да ја урне и Солунската агенда од 2003 година.

Целата колумна прочитајте ја на Дојче Веле.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ