„Албанија и Македонија можат да станат и Швајцарија, а пак да не добијат зелено светло“

СПОДЕЛЕТЕ

Контрапродуктивна и недобредојдена била стратегијата на ставање на Франција под притисок и префрлање на прашањето за проширување на агендата на Европскиот совет, со надеж дека ќе омекне француската позиција, се пожалил претставник на Елисејската палата, пренесува „Politico“.

Најконтрапродуктивен, според претставникот на официјален Париз, бил аргументот што се користел за притисок; Дека земјите/лидерите кои биле за почеток на преговорите имаат стратешка визија, а кај земјите/лидерите кои не се согласувале – постои недостаток од таква визија.

„Politico“ оценува дека не е познато кога ЕУ потворно ќе се обиде да најде консензус, но како нереални ги посочува очекувањата од најавата на италијанскиот премиер Џузепе Конте дека Италија ќе бара нов обид на средбата на Советот за општи работи на ЕУ веќе следниот месец, како и од следниот редовен Европски совет во Декември. И двата настани следуваат премногу брзо за да носат некакви реални шанси за било каква промена. Таква би можела да се случи дури по локалните избори во март во Франција следната година, но главно поради cтpaв на Макрон дека екстремната десница може да ја искористи темата за црвеното светло од Франција во своја полза.

Сепак, го пренесува „Politico“ мислењето на дипломатски извор, сѐ додека Париз се фокусира на инсистирање на промени во самите процеси на ЕУ (за што генерално е потребно многу долго време да бидат имплементирани) наместо на постигнувањата на земјите-кандидати, тешко дека Франција ќе го промени ставот.

„Ако Франција продолжи по таа линија“, смета дипломатот, „Северна Македонија и Албанија можат да се претворат и во Швајцарија, а пак да не добијат зелено светло за преговори“.

- Реклама -