Да изброиме колку пати Макрон спомна „ЕУ“ и „европска перспектива“ во видеото за референдумот

„Дами и господа, драги пријатели, ќе Ви одземам малку од Вашето време за директно да ви се обратам“, започна на 22 септември пред една година видео обраќањето на францускиот претседател Емануел Макрон, кој за разлика од низа други светски и европски лидери, не дојде во земјава во текот на предреферендумската кампања за да ветува дека Преспанскиот договор директно или директно ќе ги отвори вратите на Европската унија.

Не само што не дојде во посета на земјава, туку тоа не го направи ниту во видео обраќањето. За потсетување, ајде уште еднаш да го преслушаме. Притоа, бројте колку пати споменува „Европска унија“, „ЕУ“ или „европска перспектива“

„Веќе 25 години нашите две земји негуваат дипломатски односи. 25 години заедничко минато и поврзани судбини меѓу нашите народи, чии корени се длабоко вкоренети низ вековите.

Во тој поглед, во последните години беа направени многу нешта, но на 17 јуни 2018 година се направи голем исчекор.

Исчекорот беше направен со храброста на вашите лидери, меѓу Вашата земја и Грција, со кој се стави крај на 27-годишниот спор.

Таа т.н. „Спогодба од Преспа“ од 17 јуни 2018 година, овозможува напредок и подготовка на иднината. Референдумското прашање на 30 септември оваа година се однесува токму на таа спогодба.

Запознаен сум со сите полемики кои се водат и кои се дел од демократската дебата во земјата. Но, јас од овде бидејќи верувам во нашиот континент, во силата на Европа во моќта на колективната удрост и во заемната соработка, би сакал да се обврзам и да Ви кажам во што верувам. Знам дека ни еден договор не е совршен. Знам дека за едните истот не е доволно долгорочен, а за другите дека поинаку би го испреговарале. Ги слушам сите критики кои се кажани.

До пред неколку месеци никој не се надеваше на овој договор. Но, на овој договор се чека веќе 27 години. Овој договор се постигна поради храброста на Вашите и на грчките лидери. Затоа јас го поддржувам. Потполно! Силно!

Сметам дека истиот има централно место во плановите за иднината на земјата. Тој е и суштината на амбициите за Вашата младина и на тоа што може да го направиме заедно во годините што следат.

Тоа е драги пријатели, дами и гопода, едноставната, јасна и скромна порака која сакам да Ви ја пратам. Јас не можам да се ставам на Вашето место зашто вие гласате незавинсо во оваа политичка дебата која е важна за земјата.

Вие треба да изберете и да се одлучите дали сте за промена на Уставот или не, за Спогодбата да стане важечка.

Да станете Северна Македонија, согласно Спогодбата. Јас одлучно сум ЗА и цврсто верувам дека овој договор е добар! За Вас, за целиот регион и за Европа. Сметам на Вас“, вели францускиот претседател Емануел Макрон во видео пораката што ја упати до македонските граѓани во пресрет на референдумот“, порача тогаш Макрон, кој од денешен аспект е гледан како главнен виновник за „прекршеното ветување“ за почеток на преговори.

- Реклама -