Трамп го исмеа Макрон (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

И додека Макрон е жестоко критикуван од останатите европските лидери и посочен од голем дел од македонската јавност како главна причина за разочарувањето од недобивањето датум за преговори со Европската унија, можност да го искритикува францускиот претседател не пропушти ни неговиот американски колега – Доналд Трамп, иако на сосема друга тема.

При вчерашната посета на кожната фабрика на „Луј Витон“ во Алвардо (Тексас, САД), со цел да промовира нови работни места, француска новинарка го праша претседателот Трамп:

„Имате многу ниска стапка на невработеност во САД, а ние имаме многу висока стапка на невработеност во Франција. Како тоа? Што е рецептот?“.

Доликува да се пошегува, или не – за Трамп не претставуваше дилема, па како од пyшкa одговори: „Па, можеби имаме подобар претседател од вашиот“, на што почна и сам да се смее оддалечувајќи се од новинарката.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ