Најубавите мостови во Европа (ФОТО)

Ова се 10-те најубави мостови во Европа:

На прво место се најде импозантниот мост “25 Април” во Лисабон, Португалија. Тој е висечки мост и ги поврзува Лисабон и општината Алмада на левата страна на реката Тахо. Изградбата завршила на 6 август 1966 г. додека железничката платформа беше додадена во 1999. Често се споредува со мостот „Голден Гејт“ во Сан Франциско поради сличностите во изгледот и поради тоа што е дело на истото претпријатие. До 1974 г. мостот се нарекувал Салазарски Мост.

На второ место се најде Tower Bridge. Тој е подвижен мост кој што се наоѓа во Лондон, Англија. Своето име мостот го добил по Лондонската кула. Изградбата на мостот започнала во 1886 година, а официјално мостот во употреба бил пуштен во 1894 година.

Средновековниот мост Ponte Vecchio (Стар мост) во Фиренца се наоѓа на трето место. Мостот се наоѓа на реката Арно. Изграден е во 1345 година и тоа го прави најстариот мост кој може да се користи во градот. Познат е по малите продавници кои се наоѓаат на самиот мост, а се смета дека тие постоеле од кога бил изграден мостот.

На четврто место е мостот Bastei во Германија. Се наоѓа на 305 метри надморска височина и минува низ варовнички карпи над реката Елба. Првобитната верзија на овој мост е изградена од дрво во 1824 година, а металната структура е изградена во 1851 година.

На петто место е повторно мост во Португалија. Сега станува збор за мостот Dom Luis I во Порто. Дизајниран е од страна на Teophile Seyrig кој учествувал во проектирањето на Ајфеловата кула. Отворен е во 1886 година. Неговата несекојдневна конструкција, секако, го вбројува во најинтересните мостови во светот.

Шести на листата е мостот Millau Viaduct во Франција. Тој, всушност е и највисокиот мост во светот со 343 метри и поминува над реката Тарн. Градбата е започната во октомври 2001, а завршена е во декември 2004.

На седмото место се наоѓа Сеченовиот синџирест мост или само Синџирест мост кој е висечки мост и се протега над реката Дунав и ги поврзува Будим и Пешта, западната и источната страна на Будимпешта, главниот град на Унгарија. Мостот е првиот постојан премин преку Дунав во Будимпешта, а бил отворен во 1849 година.

Осми на листата е мостот Rialto во Венеција, кој претставува најстар и најпознат мост кој го поврзува Големиот Канал. Отворен е во 1891 година, а проектиран е од Antonio da Ponte.

На деветто место е мостот Chapel во Луцерн. Изграден е во 14 век на реката Ројс. Мостот е уникатен поради големиот број на внатрешни слики кои датираат од 17 век. Висок е околу 170 метри. Бил уништен од пожар во 1993 година, а реконструиран е во 1994 година.

Десетти на листата е мостот Puente Nuevo во градот Ронда на југот од Шпанија. Неговата изградба започнала во 1751 година. Главен архитект бил José Martin de Aldehuela, а по неговата смрт го заменил Juan Antonio Díaz Machuca. Мостот е долг околу 120 метри.

- Реклама -