Антонио Милошоски за советниците на Заев: „Еден лажен, а другиот вyлгaрeн“

Поранешен шеф на дипломатијата, а сегашен пратеник Антонио Милошоски, уште еднаш ги предочува пропустите на македонската дипломатија во однос на Франција. Тој на совојот Фејсбук профил напиша:

„Заев има еден советник кој лажно се претставува како “човек со врски во кабинетот на Макрон”. Претходно Заев имал друг советник, Ивана Јордановска, која денес објавува вулгарни пораки до претседателот на Франција (“e*и се Мак..н”).

‘Затоа нека ве се чуди зошто премиерот Заев и покрај сите ургенции во последните неколку месеци не беше удостоен барем со покана за работна посета на Франција и кратка средба со Макрон.’
‘Во најмала рака министерството за надворешни работи уште денес би требало да се огради од ваквите навреди и говор на омраза и да упати нота на извинување до Париз!“

 

- Реклама -