Заев: Ако не добиеме датум, владата ќе се уништи

Премиерот Зоран Заев учествуваше во дебатата на тема “Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена.

„Ако лидерите на ЕУ во четврток или петок донесат негативна одлука за почеток на преговори, или ако повторно одлучат да ја одложат одлуката, нашата Влада ќе биде мpтвa, не затоа што ќе бидеме пречувствителни, одлуката не зависи од нас, но мнозинството од парламентот ќе го изгубиме“, рече премиерот, Зоран Заев.

За вчерашниот министерски состанок во Луксембург, Заев изрази жалење што министрите на ЕУ „немале доволно храброст да донесат одлука и да ја одржат мотивацијата кај Македонија и Албанија“.

-„Проблем е Франција, знаеме дека реформи се потребни, но реформи се возможни парлалено со одржување на мотивацијата. Во спротивно национализмот, популизмот и радикализмот ќе се вратат. Балканот многу претрпе поради ова, учевме од тоа и сакаме да мрднеме напред за да станеме европјани. Ако го казнат најдобриот пример, како ќе го мотивираат Вучиќ, како ќе го мотивираат Тачи во Косово или како ќе ја мотивираат БиХ. Во нашиот регион има и голем интерес од Турција, Русија и Кина, за да навлезат во Европа и да бидат помоќни. Но тие не ни нудат владеење на право и демократија, го видовме тоа и сакаме демократија“ – посочи Заев.

Повеќе на Алфа ТВ.

- Реклама -