Средбата Меркел-Макрон во Тулуз, дали ќе ги усогласат ставовите пред лидерскиот самит за проширување на ЕУ?

СПОДЕЛЕТЕ

За денешната средба Меркел-Макрон претставник на германската влада во изјава за агенцијата Ројтерс потврдил дека на денешниот состанок меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде покренато прашањето за пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

„Ова е приоритетна работа за Германија и стратегиско прашање за Европската унија“, изјавил за Ројтерс неименуван претставник на германската влада.

На денешната заедничка седница на француската и германската влада во Тулуз, прашањето за Северна Македонија и Албанија не е акцентирано во француските медиуми во контекст на оваа средба. Вообичаните најави се дека „по минатонеделната средба во Елисејската палата, Макрон и Меркел повторно се сретнуваат пред напорниот европски самит, каде ги очекуваат теми – од Брегзит до Сирија.

Денешната средба пред лидерскиот самит се смета за (прет)последна можност францускиот претседател да се соочи со аргументите на германската канцеларка за проширување на ЕУ.

Според дипломатски извори, француското спротивставување на одлука за почеток на преговори на двете балкански држави, се должи на неколку забелешки: дека по конфликтите во 90-тите години на територијата на поранешна Југославија, новите држави се` уште не успеале целосно да ги демократизираат своите општества, да го стабилизираат регионот, ниту успешно да се справат со криминалот и корупцијата, и да спроведат ефикасни реформи.

Повеќе на Deutsche Welle.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ