Османи контра Заев за Законот за јазиците

Вицепремиерот Бујар Османи контра уверувањата на премиерот и ресорната министерка дека сите препораки ќе се имплементираат, вели измени може да има но само со консензус, кој на Илинденска, очигледно го немаат.

Според вицепремиерот, измени во законот за јазици се можни само ако за нив се обезбеди консензус. Од друга страна, Заев најави дека ќе ги почитува забелешките на Венецијанската комисија при Советот на Европа, која во дел од првичниот извештај за Законот за јазици што беше објавен во медиумите, имаше крупни забелешки во однос на новиот закон за употреба на јазиците.

Владата побара и одложување на одлуката на Венецијанската Комисија, па експертите наместо месецов, конечната одлука ќе ја носат во декември. Сериозните забелешки велат дека примената на двојазичноста може да го сруши целиот правен систем.

-„Според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области законот оди премногу далеку наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки …Под сегашни околности, доколку се применува целосно законот, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, со што ќе се доведе во опасност сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права.“, стои во забелешките.

Повеќе Тука.

 

- Реклама -