„Телма“: Најмалку 13 земји членки се против раздвојување на Македонија од пакетот со Албанија

СПОДЕЛЕТЕ

Откако Франција и Холандија не дадоа зелено светло за пакетот составен од Македонија и Албанија, финското претседателство ги испрати министрите за надворешни работи на членките на ЕУ на ручек со нов предлог – за таканаречен „декаплинг“, односно раздвојување на процесот на пристапните преговори за секоја од овие две земји посебно.

Меѓутоа, и во „второто полувреме“ од состанокот, се чини, ќе нема добри вести за земјава. Според дипломатски извори на „Телма“, на предлогот на Финска за раздвојување на преговорите се противат најмалку 13 земји членки, меѓу кои и Хрватска, Летонија, Словачка, Словенија, Романија, Унгарија и Италија. Повеќе ТУКА.

- Реклама -