Ковачев: Историјата на Македонија и Бугарија не е споделена, туку заедничка

СПОДЕЛЕТЕ

Првиот клучен елемент во рамковната позиција за Македонија на бугарската влада од минатата недела е дека Бугарија кажала „ДА“ за почеток на преговори на земјава со ЕУ. Секоја друга интерпретација – дека Бугарија ја блокира Македонија, е или неразбирање на европските процеси, или целосна манипулација од типот на оние од времето на Титова Југославија, со цел Бугарија повторно да биде претставена во најцрно и негативно светло, тврди Андреј Ковачев – европратеник и претседател на ЕПП, во колумна на „Лидер“.

Вториот клучен момент, според него, е темата за „заедничката историја“, на која се однесува и Договорот за добрососедство.

Заедничката историја НЕ означува споделена историја или преплетена историја. Такви ни се историите со останатите држави и нации како од Балканот, така и од Европа. За разлика од нив, географските региони Мизија, Тракија, Добруџа и Македонија, кои биле со стотици години населени доминантно од Бугари, имаат долга заедничка историја – тоа означува дека во минатото биле едно. Така на пример државата на која што Самоил и е Цар е Бугарија. Народот во тие држави е основно бугарски. Како Бугари се самоопределувале и декларирале сите преродбеници и револуционери од ВМРО. Како Бугари се пишувале, нарекувале, декларирале, во официјални документи или неофицијални лични кореспонденции и книги напишани од самите нив – Глигор Прличев, Браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, Димитар Талев. Исто како и Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Милан Матов, Борис Серафов, Ѓорче Петров, Генерал Протоѓеров, Тодор Александров, Иван Михајлов и многу други. Тајната организација – ВМРО е создадена во 1893 година во Солун како БМРОК – Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети, потоа се преименуваат во ВМОРО – Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација, а во 1919 година е ВМРО. Таа организација ја создаваат бугарите од Македонија и Одринска Тракија за да се ослободат од Османското владеење. Сите официјални документи на организацијата се напишани на литературен бугарски јазик. Целиот нејзин архив е зачуван и широко достапен (дури и во Македонија) и во него може да се видат оригиналните документи во кои пишува дека ВМРО била организација на македонските Бугари и пред сè друго, се борела за бугарштината.

Признавањето од страна на Македонија на бугарскиот идентитет на тие личности не означува ништо друго освен да се читаат оригиналните документи од епохата во која тие живееле, без интерпретации и толкувања од гледна точка на современите постулати и потреби. Толкувањето на историјата која што сѐ уште постои во Македонија, но и се учи во училишните програми е дека сите тие луѓе не се Бугари, а дури често се претставуваат и за такви кои се бореле против Бугарија. Тие лаги и манипулации на историјата треба да престанат! Бугарија не сака да земе ништо од историјата на Македонија! Напротив! Повеќе сакаме младите поколенија во Македонија да ја научат вистината. Вашите неверни и сомничави читатели, ги повикувам самите на интернет да проверат што пишува светската историографија на англиски, француски, германски, руски, па дури и на српски јазик за било кој од овие личности“, пишува Ковачев. Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ