Датумот за Македонија запна кај Албанија, а ако ја мине Франција, услови подготвува и Бугарија

СПОДЕЛЕТЕ

Франција и Холандија не даваат зелено светло за датум за почеток на преговорите на Македонија и Албанија во пакет. Оттаму, пред паузата за ручек пред втората рунда од преговорите на состанокот на министри за надворешни работи, Финското претседателство понуди раздвојување на  преговарачкиот процес на двете земји.

Меѓутоа, според „Телма“, која се повикува на извори упатени во министерскиот состанок, три земји се против предлогот за радвојување на Македонија и Албанија. Тоа се Италија, Грција и Германија.

Од друга страна, според француски дипломатски извори за МИА, „речиси нема шанси“ Франција да го прифати предлогот за раздвојување на процесот, која претходно се противела и на започнување на преговори со било која од двете земји.

Дипломатски извори за „Телма“ велат дека во продолжение се очекува долга и тешка дискусија. Според МИА, прашањето е дали Франција ќе биде единствен кочничар за Македонија, или ќе ѝ се приклучи и Холандија, макар што дипломатски извори велат дека сѐ уште постои можност да се усогласат ставовите кај споменатите, при што би се очекувало Бугарија да има потврда позиција и да побара вметнување услови што се однесуваат на билатералните односи.

 

- Реклама -