„Ројтерс“ објави видео од pacистичките навpeди и мајмунските звуци на мечот меѓу Бугарија и Англија

СПОДЕЛЕТЕ

Агенцијата „Ројтерс“ објави видео од мечот Бугарија – Англија во рамки на квалификациите за Европското фудбалско првенство, во кое јасно се слушаат мajмунcките звуци од трибините на домашните навивачи на стадионот „Васил Левски“.

Видеото на линков: https://www.reuters.com/video/?videoId=OVB17QT0R&jwsource=cl

Средбата, која заврши со победа на гостинот Англија од 0:6, на двапати беше прекинувана пред првото полувреме, откако англиските играчи се побунија дека слушнале pacиcтички навpeди и дофрлувања.

Според репортерот на „Скај спортс“ – Роб Дорсет, такви скандирања имало 6 пати. Истите можеле да се чујат кога топката била во посед на Маркус Рашфорд или дебитантот Тајрон Мингс.

На крајот мечот сепак се доигра, но бугарската репрезентација стравува од потенцијалните санкции од страна на УЕФА, меѓу кои речиси е гарантирано дека ќе има висока парична казна и натпревар пред празни трибини. Големи имиња во англискиот фудбал побараа и целосна дисквалификација на Бугарија од квалификациите за ЕП.

Освен pacиcтичките скандирања, англиските медиуми посочија и на нaциcтичките салутирања на некои од навивачите. Казна побара и Рио Фердинанд.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ