Мицкоски ги оттуѓи, ама Антикорупциска не се откажува од хидроцентралите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

СПОДЕЛЕТЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не се откажува од предметите за хидроцентралите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, без оглед што тој самиот се откажа од својот удел од 7% во компанијата, велат од Антикорупциска за „а1он“.

Од комисијата велат дека продолжуваат да ги доработуваат предметите и продолжуваат да ја проверуваат постапката при која Мицкоски за да испитаат како тој се стекнал со земјиште од 33.000 квадратни метри и како добил концеција за изградба на хидроцентрали додека бил директор на ЕЛЕМ и советник на поранешниот премиер – Никола Груевски. Се очекува наскоро Мицкоски да биде повикан во ДКСК за да одговори околу двата предмета што му ги отворија по допрен глас.

Во петокот, во интервју за „Макфакс“, Мицкоски откри дека пред неколку дена ги оттуѓил тие 7 проценти и веќе не е сопственик во компанијата. Тој тврди дека својот удел во компанијата го оттуѓил „без никаква економска награда“, односно му бил надоместен само влогот со кој учествувал. Прито ги повика и другите политичари кои се сопственици на удели додека ја вршат функцијата, посебно премиерот Зоран Заев, истите суштински да ги оттуѓат, бидејќи, како што рече, сѐ додека се тие доминантни сопственици постои основано сомнение за корупција и влијание врз определени економски текови во државата.

Денеска реагираа и од СДСМ дека Мицкоски три дена одбива да одговори на што се должи неговата најава за повлекување од бизнисот со хидроцентрали, кога сите знаат дека Антикорупциска веќе има отворено предмети.

На тема хидроцентрали во Македонија, „Радио Слободна Европа“ на почетокот на септември објави интересен податок дека вицепремиерот Кочо Анѓушев, односно семејството Анѓушеви, е сопственик на две третини од малите хидроцентрали во земјава. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -